четврток, 23 април 2026

Германија ги укинува бесплатните тестови, сака луѓето да се вакцинираат

Објавено на

часот

Сподели

Од тој ден, оние што не сакаат да се вакцинираат мора да платат тест за да докажат дека се негативни на ковид-19 за да можат да одат во кино, ресторан или теретана.

Потребен е сертификат за вакцинација или негативен тест штом стапката на инфекција изнесува 35 случаи на 100.000 жители во седум дена.

Тестовите ќе продолжат да бидат бесплатни за сите оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, за бремени жени и за деца, за кои сè уште нема соодветна вакцина, се вели во текстот усвоен на седницата на која присуствуваа канцеларката Ангела Меркел и шеснаесет лидери на покраински влади.

Бидејќи Германија сега има доволно количина дози за сите граѓани, „ќе ги укинеме бесплатните тестови од 11 октомври“, објасни федералната влада.

Владата, исто така, посочува дека се надева дека „стапката на вакцинација повторно значително ќе се зголеми“, оценувајќи дека „секој е одговорен“ за поттикнување на вакцинацијата.

Додека во екот на кампањата се вакцинирале повеќе од милион луѓе дневно, темпото на вакцинација драстично забави во најголемата европска економија за време на летните одмори.

Околу 52 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза од вакцината, или 62,5 проценти од населението. Околу 55 проценти се целосно вакцинирани, покажуваат новите податоци на Институтот за јавно здравје Роберт Кох.

Во последните недели, во земјата се заострува дебатата за тоа како да се наговорат оние кои не сакаат да се вакцинираат без да се прогласи вакцинацијата за задолжителна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ