петок, 24 април 2026

Франција: Шести викенд протести поради ковид пропусниците

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници француски демонстранти излегоа на улиците шести последователен викенд во знак на протест против здравствените пропусници наметнати од владата, за кои тие велат дека ги загрозуваат нивните слободи.

Во протестите низ Франција учествувале 175.503 лица, според податоците на Министерството за внатрешни работи, а минатата недела имало 214.845, помалку од порано. Здружението на активистите Жолт број регистрирале 388.843 учесници минатата сабота, исто така нешто помалку во однос на 415.000 во саботата пред таа.

Овој, шести протестен викенд по ред, протести биле организирани од север кон југ, без поголеми инциденти. Дваесет лица се приведени, а еден полицаец е повреден, соопшти министерството.

„Вакцинирајте се ако сакате, но ние сме против пропусници за болница и за во продавница, бараме да се укине законот“, рече водачот на Жолти елеци, Жером Родригес во Пау пред 2.700 демонстранти, по проценка на полицијата.

Здравствената пропусница која е одобрена од огромното мнозинство Французи, важи за барови, ресторани, здравствени услуги, под одредени услови и за возови. Од понеделник, нејзината примена е проширена на повеќе од 120 трговски центри и продавници во околината на Париз и во јужните делови на Франција.

Се издава на оние кои се целосно вакцинирани, кои имаат антигенски тест не постар од 72 часа и доказ дека ја прележале болеста во последните шест месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ