сабота, 18 април 2026

Франција дозволи потпомогнато оплодување на лезбијските двојки и невенчаните жени

Објавено на

часот

Сподели

Овозможувањето медицински помогнато оплодување за лезбијските двојки и невенчаните жени, што е предизборно ветување на претседателот Емануел Макрон, ЛГБТ заедницата во Франција го очекува со години, а му се противат конзервативните движења.

По речиси две години парламентарна расправа законот е прифатен со 326 гласа „за“, 115 „против“ и 42 воздржани, независно од политичките разлики.

Владата предвидува дека првите пријави за постапката ќе бидат можни веќе на крајот на летото, а до крајот на 2021 ќе се зачнат првите деца.

Ваквото медицински потпомогнато оплодување е веќе можно во Шведска, Финска, Данска, Британија, Ирска и земјите од Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург), како и во Шпанија и Португалија.

Поддршката на француската јавност за проширување на медицински потпомогнатото оплодување на лезбејките и невенчаните расте со годините: сега го поддржува 67 отсто од Французите, според последните анкети.

„Ова е добар ден за нашата земја“, кажа денес министерот за здравство Оливер Веран, кој изрази задоволство поради исполнетото ветување по парламентарната расправа која траеше петстотини часа.

Жалбата која десничарските пратеници ја поднесоа до Уставниот совет би можела за неколку недели да го одложи конечното донесување на законот.

Конзервативното движење Протести за сите го осуди „насилното туркање“ на законот и „системското одбивање на секаква измена на првичниот предлог“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ