четврток, 11 декември 2025

Фицо: Русија ќе биде „апсолутен победник“

Русија ќе излезе од украинскиот конфликт како „апсолутен победник“ ако Киев и Брисел го прифатат мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува Новинки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку овој договор биде потпишан, Русија ќе излезе како апсолутен победник“, нагласи Фицо, додавајќи дека Москва ќе биде зајакната „и морално и економски“.

Паралелно со овие проценки, европските лидери се обидуваат да наметнат промени во предлогот на Трамп за прекин на војната во Украина. Според Гардијан, лидерите на ЕУ ќе се обидат да го „зајакнат“ планот на американскиот претседател во сабота за време на самитот на Г20 во Јоханесбург.

Во исто време, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека „само паметни луѓе, а не санкции“, можат да доведат до решение за украинскиот конфликт, што дополнително ја поттикнува дебатата во Брисел и Киев за идниот тек на преговорите.

Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко објави документ со 28 точки од мировниот план на Трамп на 20 ноември. Како што отсетува Фајненшл тајмс, украинските претставници остро ги критикуваа предложените услови, оценувајќи ги како неприфатливи без значајни промени. Сепак, Вашингтон очекува претседателот Володимир Зеленски да го потпише документот до 27 ноември.

Планот предвидува напуштање на НАТО интеграцијата, дефинирање нови граници, воспоставување тампон зона, ограничувања за украинските вооружени сили и користење на замрзнатите руски средства.

Зеленски претходно оцени дека постои реална опасност од „интензивен притисокот“ врз Украина да прифати неповолни услови во мировните преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ