недела, 3 мај 2026

Фејсбук најавува 10.000 работни места во ЕУ, планира да изгради метаверзум

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата соработува со други на развој на „нова фаза на меѓусебно поврзаните виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и проширена реалност“, или метаверзум, соопшти раководителот на Фејсбук за политики и јавни работи Ник Клег.

„Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток“, додаде тој.

Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „глас за доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

„Освен со технолошките таленти во развојот, ЕУ исто така има важна улога во формирањето на нови интернет правила. Европските креатори на политики се водечки во настојувањето европските вредности, како што се слободата на изразувањето, приватноста, транспарентноста и правата на поединците, да се вградат во секојдневното работење на интернетот“, се вели во соопштението.

Американската компанија е под меѓународен притисок.

Поранешната продукт менаџерка на Фејсбук Френсис Хоген го обвини поранешниот работодавец на почетокот на октомври, меѓу другото, дека не е доволно транспарентен во однос на потенцијалната штета.

Фејсбук одговори дека интернет мрежата секојдневно се обидува да најде рамнотежа помеѓу правата на милијарди луѓе за слободата на изразување и безбедната средина за корисниците.

Фејсбук неодамна заврши на насловните страници, исто така, поради грешка во системот што доведе до пад на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм на околу шест часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ