вторник, 5 мај 2026

Европол уапси седум опасни сајбер-криминалци

Објавено на

часот

Сподели

Осомничените, од кои двајца биле приведени од романските власти на 4 ноември, биле уапсени во рамките на операцијата Златна прашина, во која учествуваа Европол, Евројуст и Интерпол, се вели во соопштението.

Минатиот месец Ројтерс објави дека самата група РЕвил со координирана операција на САД и 16 други земји била хакирана и принудена да се повлече од мрежата.

Осомничените, наводно, изнудиле речиси 600 милиони долари од различни компании за да ги обноват нивните компјутерски системи откако ги хакирале.

Ниту еден од уапсените хакери не е идентификуван по име, но Европол соопшти дека двајца осомничени, за кои се верува дека се поврзани со банда позната како РЕвил, биле уапсени минатата недела поради вмешаност во напади што им донеле околу 580.000 долари како откуп, пренесува АП.

Властите во Кувајт, исто така, минатата недела уапсиле еден обвинет хакер, а јужнокорејските власти уапсиле тројца од февруари минатата година, додека седмиот член на бандата бил уапсен минатиот месец во Европа.

Се верува дека поранешни партнери и соработници на руската криминална банда РЕвил се одговорни за сајбер-нападот извршен во мај врз компанијата за дистрибуција на енергија Колонијал пајплајн, што предизвика голем и широко распространет недостиг од гас на источниот брег на САД.

Меѓу директните жртви на криминалната сајбер група РЕвил е и познатата американска месна индустрија Џи-би-ес.

Американското Министерство за правда на неколку начини се обиде да ја пронајде групата РЕвил, која ја смета за закана за економијата и националната безбедност, а во јуни успеа да заплени 2,3 милиони долари криптовалути од сумата што Колонијал пајплајн ја плати по хакерскиот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ