„Kаналите за дијалог со талибанците мора да ги оставиме отворени и да го продолжиме нашиот прогресивен ангажман, наместо пристап што би се темелел на тешки барања“, рече Ердоган, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
Турскиот претседател, исто така, ги пофали преговорите меѓу талибанците и авганистанските поранешни високи претставници, велејќи дека тие „ветуваат“.
„Во моментов ги оценуваме умерените пораки на талибанците како позитивни, но процесот во иднина нема да ги одредува нивните зборови, туку нивните постапки“, рече Ердоган.
„Претседателите се согласија да ја зајакнат билатералната соработка во врска со Авганистан“, се вели во соопштението на Кремљ.
Москва рече дека двајцата лидери ја нагласиле потребата да се гарантира „стабилност и граѓански мир во земјата“, ставајќи нагласок на „борбата против тероризмот и шверцот со дрога“.
Турција, која има неколку стотици војници во Авганистан, соработува со САД во обезбедувањето на аеродромот во Кабул.






