недела, 3 мај 2026

Драма на Хаити: Грабнати 17 мисионери од САД, меѓу нив има и жени и деца

Објавено на

часот

Сподели

Мисионерите тргнале од сиропиталиште кон куќите и тогаш биле грабнати, објави организацијата Христијанска помош Обаја, пренесува Асошиејтед прес.

Се наведува дека директорот на мисијата на терен е во контакт со американската амбасада и дека семејството на директорот и уште еден маж биле во седиштето на мисијата, додека останатите кои биле во посета на сиропиталиштето се грабнати. Не се објавени повеќе детали.

Портпаролот на американската влада изјави дека САД се запознаени со извештаите за грабнувањето.

„Безбедноста на американските државјани во странство е еден од најголемите приоритети на министерството за надворешни работи“, изјави портпаролот, одбивајќи понатаму да ја коментира ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ