Додик рече дека е несфатливо црногорскиот парламент да донесе резолуција за Сребреница без тоа да помине во Босна и Херцеговина.
„Ако парламентарното собрание на БиХ не донело сличен документ, тогаш се поставува прашањето зошто тоа го стори Црна Гора, и прашањето е дали станува збор за акт на мешање во внатрешните работи. Ако политиката на БиХ не може да постигне консензус за тоа прашање, како можно е тие да имаат право да зборуваат за тоа. Дали е тоа миење на нивната совест“, нагласи Додик.
Парламентот на Црна Гора, како што оцени, не докажа ништо за Сребреница, но „докажа дека е континуирано против Србите и е антисрпски“.
„Јас апсолутно го доживувам како непријателски чин и ќе знам како да се однесувам кон нив и нивниот став во врска со тоа, како и спрема таа Црна Гора што тоа мнозинство ја сочинува“, истакна Додик.






