„Самата Европа има проблеми со тоа, бидејќи има земји кои не сакаат ЕУ да се прошири, но и се обидуваат и дури ги сопираат конкретните активности, пред сè Франција и Холандија. Разговаравме за сите тие искуства“, кажа Додик и додаде дека самитот во Анталија бил успешен.
Тој истакна дека на самитот било разговарано и за последиците на коронавирусот, наведувајќи дека и понатаму се потребни претпазливост и придржување до мерките, бидејќи пандемијата не е завршена.
Зборувајќи за состанокот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, Додик наведе дека со него разговарал за инвестиции во Република Српска и Федерацијата БиХ.






