недела, 3 мај 2026

Додик: Јасеновац не е политичко средство, туку губилиште на Србите

Објавено на

часот

Сподели

„Понижувачки е, бидејќи тоа е обид за трговија со губилишта, изедначување на злосторствата, како и користење на најголемото губилиште на српскиот народ некогаш во приземни политички цели’, истакна Додик.

Тој оцени дека Изетбеговиќ „сака да нè подмити со амандман во кој би требало да собере половина милион убиени Срби, за ние да прифатиме дека на некои други места се случувало нешто што не се случило. Срамота, па дури и ако е од Изетбеговиќ“, кажа Додик.

На прашањето да го искоментира предлогот на Изетбеговиќ во „законот за забрана на негирање на геноцидот да се додаде Јасеновац“, Додик порача дека на Србите не им е потребен закон за да знаат што се случило во Јасеновац.

„Ние не бараме некој да се казнува ако ги доведе во прашање половината милион српски жртви во Јасеновац и околу него. Ние не ги утврдуваме со закони историските факти“, кажа Додик.

Смета дека жално што Изетбеговиќ не сфатил дека Србите нема да тргуваат со правото на слобода на изразување, мислење и дека повеќе не прифаќаат наметнати решенија.

„Бедно е тоа што и на момент помислил дека Јасеновац може да биде предмет на какви било политички разговори или преговори! Тоа што тргува со Сребреница, за тоа нека му се суди во Федерацијата БиХ“, истакна Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ