„Апсолутно попрво би одел во затвор отколку што би признал нешто што не се случило, а тоа е наводниот геноцид во Сребреница. Таа приказна за наводниот геноцид стана актуелна во 2002 година, седум години по настанот. Одеднаш сè околу тоа се актуелизира и „сега сè се знае“. Вистината е една – геноцид немало“, кажа Додик.
Истакна дека извештајот на Независната меѓународна комисија за Сребреница, со која претседаваше Гидеон Грајф, веќе многу нешта сменил, дека треба систематизирано да се користи и дека вистината е една – дека геноцид немало.
„На сето тоа Независната меѓународна комисија најдобро одговори и тоа навистина треба да се користи бидејќи е направено од луѓе чие знаење, но и авторитет, се неспорни. Така што, во тој поглед, овој извештај менува доста работи“, кажа Додик.






