среда, 6 мај 2026

Додик денес во Москва со Путин ќе разговара за испораката на гас

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се сретнам со Путин и затоа одам таму. Стратегијата на Западот вели дека тука има некое малигно влијание на Русија, а нивната политика е не само малигна, туку погубна – Британија, делумно Америка, а гледам дека нема да имаме добра позиција ни кај новата влада на Германија. Но што да правам, не сме тука за да ги исполнуваме нивните желби“, кажа Додик.

Тој кажа дека работи на тоа на Русија и Кина да им објасни за што станува збор и тие сакаат да го слушнат, а наведе и дека се работи на тоа да се поднесе тужба против високиот претставник Кристијан Шмит во Германија.

Додик истакна дека Русија се покажа како важен партнер на Република Српска и дека тоа резултирало со економска соработка и испорака на енергенси по поволни цени.

„Верувам дека за нашите потреби и за потребите на изградба на гасовод и две гасни централни ќе се постигне договор и дека ќе ја зачуваме сегашната цена, како што направи Србија“, кажа Додик.

Наведе дека за време на посетата на Москва ќе разговара и за економски прашања, истакнувајќи дека изградбата на гасовод од Рача кон Бања Лука ќе биде тема и со претседателот на Русија и со главните луѓе на Газпром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ