Додик оцени дека Кристијан Шмит не е висок претставник бидејќи нема легитимитет, и истакна дека Босна и Херцеговина не личи на онаа напишаната во Дејтон, дека претставува експеримент на меѓународната заедница и дека никогаш не била резултат на договор на сите страни.
„Уверен сум во постоењето на Република Српска и тоа дека таа еден ден, со сложување на минималните меѓународни политички констелации, ќе биде независна држава, бидејќи БиХ нема шанса и не успеа да заживее ни со масовната воена, политичка и финансиска акција во минатото“, наведе српскиот член на Претседателството на БиХ.
Тој праша зошто не се зборува за тоа дали народите може да живеат едни покрај други и одвоено во БиХ.
„Мислам дека тоа би била поголема гаранција за Балканот, отколку ваквото постојано триење од кое може да летне некоја искра“, кажа Додик.






