петок, 24 април 2026

Џонсон ќе побара од Бајден да го одложи повлекувањето

Објавено на

часот

Сподели

Џонсон ќе го изнесе барањето во вторник, на итниот состанок на лидерите на Г7.

Десетици илјади луѓе очајно сакаат да го напуштат Авганистан откако талибанците дојдоа на власт, а САД имаат намера да ги повлечат сите свои војници од таа земја до крајот на месецот.

Иако британските владини претставници објавија дека немаат одреден датум кога британските сили ќе се повлечат од Авганистан, постојат стравувања дека без американските војници, преостанатите странски сили не би можеле да го обезбедат аеродромот во Кабул, наведува Би-би-си.

Британија има повеќе од 1.000 војници во Кабул.

Бајден вчера, на прашањето дали ќе го продолжи рокот за повлекување на американските војници од Авганистан, кој истекува на 31 август, одговори дека се надева дека нема да има потреба од тоа.

Тој, сепак, додаде дека за продолжување на тој рок се разговара со војската.

Талибански претставник изјави дека странските сили во Авганистан не побарале продолжување на рокот што го одредиле за напуштање на земјата, односно 31 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ