„Јасно е дека наскоро ќе имаме нова власт во Кабул и важно е земјите од Западот да работат заедно и тие што ќе ја водат државата, талибанците или некој друг, да не го претворат Авганистан во место за обука на терористи“, изјави британскиот премиер.
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итна седница за ситуацијата во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во земјата.
Портпаролот на талибанската политичка канцеларија Мохамад Наим во неделата за катарската телевизија Алџезира изјави дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и дека тоа сакаат да го постигнат преку дијалог. Наим додаде дека талибанците ги почитуваат правата на жените и малцинствата, како и слободата на изразување во рамките на шеријатскиот закон. Тој, исто така, рече дека се подготвени да разговараат за она што ја мачи меѓународната заедница и дека не сакаат да живеат во изолација.






