недела, 3 мај 2026

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ Европа, блокирани градови, судири со полицијата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Француската полиција соопшти дека на демонстрациите низ земјата кои се одржаа 14-та сабота по ред се собрале над 40.000 луѓе.

Илјадници демонстранти кои се противат на рестриктивните мерки дефилираа во швајцарските градови, а во Берн беа одржани и демонстрации. Сите собири беа мирни.

На главниот протест се собрале околу 3.000 луѓе во местото Раперсвил-Јонау на истокот на Швајцарија, а демонстрации имаше и во Лозана, Лугано и Баден.

Во Италија вчера и завчера протестираа илјадници луѓе против задолжителните ковид-пропусници кои сите вработени во земјата мора да ги имаат.

Мерката со која се погодени околу 23 милиони работници во приватниот и јавниот сектор во Италија беше воведена во петокот.

Критичарите на таканаречената зелена пропусница (доказ дека лицето е вакцинирано, има негативен ПЦР тест или прележало корона) наведуваат дека мерката е удар врз личните слободи, додека заговорниците тврдат дека овозможува понатамошно ублажување на мерките.

Во Милано вчера се собрале околу 15.000 луѓе, главно припадници на анархистичките организации, но и припадници на десничарските групи и партии, на неодобрен собир.

Во Рим се собраа антифашисти во знак на протест на дивеењето на десничарите минатата сабота во главниот италијански град.

„Денес историјата се повторува. Само што наместо гасни комори имаме вакцини“, беше една од пораките на протестите низ Италија.

[video:https://youtu.be/hrYF4dK8EkU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ