четврток, 23 април 2026

Денес е измерена највисоката температура кога било во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Рекордната температура е забележана во 14 часот во Флоридија, место во покраината Сиракуза на Сицилија.

Досегашниот рекорд го држеше Атина, во која во 1977 година биле измерени 48 степени.

Инаку, на Сицилија на 20 септември 1999 година биле забележани 48,5 степени, но тоа никогаш формално не било признато како рекорд.

Денешниот рекорд на Флоридија исто така уште не е официјален. Експертите на Светската метеоролошка организација мора да го проверат и одобрат.

Флоридија и внатрешноста на Сиракуза се наоѓаат на место каде температурите се качуваат прилично високо, пишува Кориере дела сера. Неколку десетици километри од таму температурите се 10-12 степени пониски, но температурите се екстремно високи и во околината на Сардинија.

Особено на Сицилија, но и во централна и јужна Италија, а делумно и на северот, на многу високите температури влијаат струења кои доаѓаат од Сахара.

Утре 10 италијански градови ќе бидат во црвено според жештините, а во петок дури 15. До 15 август максималните температури во Тоскана, Лацио и Емилија би можеле да достигнат 40 Целзиусови степени во внатрешноста, 38 во Рим, 37 во Венето и Ломбардија, 35 во Пиемонт и 32 во Лигурија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ