сабота, 15 ноември 2025

Четири кинески функционери отпуштени поради огномет на Хималаите во форма на змеј (ВИДЕО)

Четири кинески функционери се отпуштени поради огномет на Хималаите, организиран на промоцијата на колекцијата на брендот за спортска облека Арктерикс, што предизвика жестоки критики.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Како што денес објави Би-би-си, видеата од огномет во форма на змеј што се издига над планинскиот пејзаж предизвикаа загриженост за животната средина.

Арктерикс и кинескиот пиротехнички уметник Каи Гуо-Ќијанг, кој го дизајнираше огнометот минатиот месец, подоцна се извинија.

Покрај апсењата, властите спроведуваат истраги и против други функционери.

Според одлуката на властите на автономната покраина во рамките на Кина, Арктерикс и Каи мора да обезбедат надомест за штетите и да помогнат во „обновувањето на животната средина“ во Тибет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ