Рударите од јужните делови на земјата во средата протестираа во центарот на главниот град, барајќи термоелектраните да бидат затворени што е можно подоцна.
Точниот датум парламентот ќе го одреди по изборите на 14 ноември.
Во планот за закрепнување на економијата од кризата со корона, кој во петок ќе го достави до Европската комисија, преодната влада во Софија предложи тие да бидат затворени од 2038 до 2040 година.
„Поблиску до 2040 година“, нагласи привремениот премиер Стефан Јанев.
Бугарија е богата со јаглен и струјата во најголема мера ја произведува од тој енергент.






