сабота, 2 мај 2026

Британски пратеник повеќепати избоден во црква, почина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Скај њуз пренесува дека непознат маж влегол во црквата каде Емес разговарал со своите избирачи и му нанел повеќе убодни рани. Полицијата веднаш пристигнала на местото и ги затворила околните патишта. На местото на настанот пристигнала хеликоптерска брза помош.

Полицијата во Есекс набргу по нападот објави дека е уапсен непознат маж осомничен за убиството. Полицијата додаде дека веќе не трагаат по никого.

Дејвид Емес, кој го претставува Саутенд Вест во Есекс, бил нападнат околу пладне по локално време во методистичката црква Белфер во Ли-он-Си.

Британските медиуми пишуваат дека Емес бил нападнат за време на состанок со гласачите. Тие додаваат дека напаѓачот влетал во црквата во последниот час од таа средба и го прободел Емес неколку пати.

Скај њуз објави, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека брзата помош се обидела да го спаси избодениот пратеник во црквата каде што се случил нападот, но безуспешно.

Емес состанокот со гласачите го најавил на својот Твитер профил на 12 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ