четврток, 26 март 2026

Британски министер за одбрана: Путин ја смета нашата земја за непријател број еден

Обединетото Кралство е подготвено да потроши „значително повеќе“ од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за евентуално распоредување на британски сили во Украина доколку Доналд Трамп обезбеди мировен договор со Русија, изјави министерот за одбрана Џон Хили, пренесува Скај њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој исто така нагласи дека Владимир Путин ја смета Велика Британија за свој „непријател број еден“ поради нејзината силна поддршка за Украина.

Во својот говор во лондонскиот Меншн Хаус, Хили предупреди дека светот влегува во „нова ера на закани“, истакнувајќи дека ризикот од поширок конфликт во Европа не бил поголем од крајот на Втората светска војна.

Планот на министерот за одбрана вклучува подготовка на воен персонал за приклучување кон мултинационални сили што би биле испратени како помош во обезбедувањето на границите на Украина, под услов американскиот претседател да посредува во прекин на огнот меѓу Москва и Киев.

Хили посочи дека британските трупи би можеле да бидат подготвени за распоредување штом ќе се постигне договор и дека тоа би можело да вклучува и војници на терен. Дел од парите наменети за мисијата веќе се трошат.

Хили зборуваше за напорите предводени од Велика Британија и Франција за изградба на „коалиција на спремните“ со повеќе од 30 земји. Целта е да се формира „Мултинационална сила за Украина“, која би помогнала во обезбедувањето на украинскиот воздушен простор и море и би ги обучила нејзините сили доколку Русија се согласи да ја заврши својата војна.

„Значи, додека претседателот Трамп ја предводи потрагата по мир овде во Европа, ние сме подготвени да ја предводиме работата на неговото долгорочно обезбедување“, рече министерот за одбрана.

„За нашите вооружени сили, веќе ги разгледувам нивоата на подготвеност и го забрзувам финансирањето од милиони фунти за подготовка за какво било потенцијално распоредување во Украина“. На прашањето за кој износ се работи, тој рече дека би било „значително над“ 100 милиони фунти.

Хили ја истакна поддршката на Велика Британија за Украина, вклучително и рекордни 4,5 милијарди фунти (5,18 милијарди евра) помош оваа година.

„Затоа претседателот Зеленски ја нарекува Велика Британија свој најблизок сојузник и затоа Путин ја класифицира Велика Британија како свој непријател број еден“, рече тој.

Тој предупреди дека и покрај порастот на руската агресија, „Велика Британија и нашите сојузници во НАТО стојат обединети и посилни“.

„Ова е – несомнено – нова ера на закана. Светот е понестабилен, понесигурен, поопасен. Од крајот на Втората светска војна безбедноста на Европа не била изложена на таков ризик од конфликт меѓу држави“, рече Хили за безбедносната ситуација во Европа.

Тој нагласи дека ова бара „нова ера за одбрана“. „Ова сега е ера за цврста моќ, силни сојузи и безбедна дипломатија“, додаде тој. Плановите за новата ера вклучуваат и зголемување на трошоците за одбрана на 5% од БДП до 2035 година.

Осврнувајќи се на Блискиот Исток, министерот објави дека Обединетото Кралство испраќа висок воен офицер да дејствува како заменик на американскиот командант задолжен за следење на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ