недела, 3 мај 2026

Борел: Вучиќ и Курти да се вратат на дијалогот

Објавено на

часот

Сподели

„Имавме многу тешка ситуација на границата меѓу Косово и Србија. Разговарав и со Вучиќ и со Курти“, наведе Борел.

Како што кажа, неодамнешните инциденти и договорот од 13 септември покажуваат дека дијалогот, во кој посредува Брисел, е единствениот пат напред.

Борел денес претседаваше со Советот на ЕУ, на кој министрите за надворешни работи на земјите членки ги информираше за случувањата на административните премини на северот на Косово, пренесува Танјуг.

Тој ги информираше министрите за разговорите кои со регионалните лидери ги имал на самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ и на маргините на Советот за безбедност на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ