Во својата прва изјава по падот на Кабул пред една недела, Блер рече дека одлуката е донесена во согласност со имбецилен слоган за ставање крај на вечните војни, мислејќи на фразата што ја користеше Бајден за време на изборната кампања.
Поранешниот премиер, кој испрати британски војници во Авганистан во 2001 година, рече дека одлуката за повлекување е водена „не од голема стратегија, туку од политика“.
Блер додаде дека Велика Британија треба сериозно да размисли по, како што рече, „малата или никаква консултација“ со САД во одлуката за повлекување од Авганистан.
„Ние (Британија) сме во опасност да западнеме во друга поделба на глобалните сили. Можеби тоа не ни пречи, но одлуката би требало да ја донесеме барем промислено“, рече Блер.
Блер, исто така, рече дека Британија има морална обврска да остане во Авганистан додека не се евакуираат сите оние што мора да бидат евакуирани.






