75-годишниот Клинтон ќе се врати во Њујорк и ќе остане на антибиотици, кажа докторот Алпеш Амин, кој ја надгледувал неговата нега во болницата, според соопштението кое го објави портоаролот на Клинтон.
Температурата и бројот не бели крвни зрнца на Клинтон се нормализирале.
Поранешниот претседател бил во Калифорнија на настан кој го организирала неговата фондација, а лекуван е на одделот за интензивна нега на здравствениот центар Ирвајн на Калифорнискиот универзитет, откако беше хоспитализиран во вторникот.
Тој ја напуштил болницата придружуван од сопругата, поранешната државна секретарка и претседателска кандидатка на демократите Хилари Клинтон.
Претседателот на САД во два мандати, кој веќе имал проблеми со срцето, беше во Белата куќа од 1993 до 2001 година.






