Бенет разговарал телефонски со државниот секретар на САД Ентони Блинкен, а во фокусот на разговорот биле преговорите со Иран, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Израелскиот лидер кажа дека Иран користи „нуклеарна уцена“ како тактика и затоа САД би морале да иницираат „моментален прекин на преговорите“.
Како што се наведува во соопштението, Блинкен го информирал Бенет за преговорите обновени неделава во Виена откако повеќе месеци беа суспендирани.
Бенет го спомнал извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во кој беше објавено дека Иран неодамна почнал да збогатува ураниум на 20 отсто чистота во унапредени центрифуги во постројката Фордо.
Израелскиот премиер смета дека наместо враќање на нуклеарниот договор од 2015, од кој САД се повлекоа три години подоцна, големите сили би требало да преземат конкретни чекори против Иран.
Вашингтон учествува индиректно во преговорите со Техеран во главниот град на Австрија.
Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден повеќе пати ја повтори желбата да се врати на спомнатиот договор наречен Заеднички сеопфатен план за акција од кој неговиот претходни Доналд Трамп се повлече.
Потоа САД ги вратија санкциите против Техеран кој почна отворено да го крши меѓународниот договор.






