вторник, 21 април 2026

Бајден: Социјалните мрежи убиваат луѓе со дезинформации за вакцините

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали има порака за платформите како Фејсбук каде се шират лажни или погрешни информации за вакцините за коронавирус, американскиот претседател на новинарите во петокот им рече: „Тие убиваат луѓе“.

„Пандемијата ја имаме само меѓу невакцинираните“, рече тој.

Белата куќа оваа недела значително го заостри тонот кон големите технолошки компании и побара засилено да се борат против лажните информации во врска со вакцините.

Соединетите Држави работат на повторен замав во вакцинацијата, особено поради многу брзото ширење на делта варијантата.

Во четвртокот, портпаролката на Бајденовата администрација, Џен Псаки, особено ѝ се обрати на социјалната мрежа Фејсбук.

„Има околу 12 лица на социјалните мрежи кои создаваат 65 проценти од дезинформациите против вакцините. Сите се активни на Фејсбук, додека некои се протерани од други платформи“, рече таа.

Белата куќа сè уште не прецизира за кои 12 лица станува збор или како дошле до овие информации.

„Фејсбук мора побрзо да ги бриши опасните пораки и оние што ги кршат правилата. Пораките што ги кршат правилата честопати остануваат видливи со денови. Тоа е предолго. Пораките патуваат пребрзо“, рече Џен Псаки.

Мрежата на Марк Цукерберг одговори на овие изјави во четвртокот и се бранеше дека веќе има повлечено „повеќе од 18 милиони дезинформации за ковид-19 и споделено повеќе од 2 милијарди безбедни информации за ковид-19 и вакцините“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ