сабота, 2 мај 2026

Бајден донесе закон за зголемување на долгот, избегнат е банкрот

Објавено на

часот

Сподели

Без зголемување на горната граница на долгот американското министерство за финансии процени дека на 18 октомври ќе остане без пари за плаќање на доспеаните сметки. Се очекува зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари, кое Бајден го потпиша вчера, ќе биде исцрпено до 3 декември, па до тогаш ќе треба да се најдат други решенија.

Сенатот минатата недела го одобри, а Претставничкиот дом во вторникот го изгласа краткорочното решение со кое привремено се заголеми границата на можното задолжување на владата на 28.900 милијарди долари, со што најголемата светска економија избегна банкрот барем до декември.

Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел напиша во писмо до Бајден по гласањето дека нема повеќе да им помага на демократите во зголемувањето на лимитот на долгот. Меконел сака демократите да го искористат процедуралниот потег познат како помирување, за кој не би биле потребни републиканските гласови за да се крене плафонот за задолжување. Демократите тоа го отфрлија како опција.

Републиканците порачаа дека зголемувањето на плафонот за задолжување е проблем на демократите поради пакетот мерки на Бајден за помош на граѓаните и други цели за време на пандемијата на коронавирусот. Тој пакет, кој Конгресот го прифати во првиот дел од оваа година, е вреден 3.500 милијарди долари.

Демократите, пак, возвратија дека тие своевремено го подржаа предлогот за зголемување на државното задолжување во мандатот на претседателот Доналд Трамп иако се противеле на законите на Трамп за намалување на данокот на граѓаните и компаниите што придонело за зголемување на државниот долг

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ