среда, 6 мај 2026

Австриски Стандард: „Хрватскиот претседател работи во корист на Путин“

Објавено на

часот

Сподели

Таа Милановиќ го опиша како „претседател без дипломатија“, во текст во рубриката „Лице на денот“.

„Шефот на хрватската држава ја напаѓа австриската политика против ширењето на коронавирусот и застанува на страната на десничарско-популистичките влади во Унгарија и Полска“, пишува Стандард.

Австрискиот весник наведува дека тонот на Милановиќ се заострил за време на пандемијата и дека нема добро мислење за мерките. Така кажа дека „оној кој сака да воведе полициски час треба да се стави во полициски автомобил“, а се спомнуваат и неговите „цинични изјави за тоа колку луѓе умреле во Ломбардија само затоа што „сите што кашлале ги довеле во болница““. Австрискиот карантин за невакцинираните го потсетил на „методите од триесеттите“ и се „глупост“, според Милановиќ.

Се додава дека изјавите на Милановиќ им одат од рака на „десничарските популистички влади во Унгарија и Полска“, како тогаш кога кажа дека строгите мерки на пандемијата доаѓаат од „бриселските идиоти“. Тој неодамна ја прозва и холандската влада поради демонстрациите во Ротердам:

„Вашите луѓе се побунија. Не мигранти, туку русокоси, синооки Холанѓани. Размислете за тоа господа“.

„Поранешниот премиер се кандидираше на претседателските избори во 2019 како социјалдемократ, но сега е миленик на антиевропските, екстремно десни националистички Хрвати“, констатира австрискиот весник, кој наведува дека Милановиќ „дејствува импулсивно“.

„Милановиќ денес нанесува вистинска штета на надворешнополитички план, особено во соседна БиХ, чиј суверенитет го напаѓа“, пишува новинарката.

„Во стил на колонијален господар неодамна сугерираше за судбината на Босанците да се одлучува со претседателите на Србија и Турција. Го поддржува Милорад Додик и со тоа работи во корист на Владимир Путин“, пишува австрискиот весник.

На крајот новинарката признава дека „дофрлањата на Милановиќ од претседателската резиденција знаат да бидат и забавни“, наведувајќи дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го нарекува „херојски зајак“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ