Министерството за одбрана на Русија соопшти дека екипажот на рускиот брод „Адмирал Трибуц“ го предупредил екипажот на американскиот разурнувач „Чафи“ дека се наоѓа во „област во која е забрането да се плови поради вежби со артилериски оган“, пренесува Ројтерс.
Американскиот брод не успеал да го смени курсот и наместо тоа сигнализирал дека е во тек подготовка за полетување на хеликоптер од палубата, поради што не е можна промена на курсот и брзината, наведе руското министерство за одбрана.
„Дејствувајќи во рамки на меѓународните правила за навигација, „Адмирал Трибуц“ го нагоди својот курс за да го избрка бродот од руските територијални води“, се наведува во соопштението.
Американскиот разурнувач го сменил курсот дури кога двата брода се нашле на далечина помала од 60 метри.
Се додава дека инцидентот траел 50 минути, а се случил во Заливот на Петар Велики, јужно од Владивосток, во западниот дел на Јапонското Море.






