Тој тоа го изјави среде преговорите со Соединетите Американски Држави за потенцијално купување ловци Ф-16 и модернизација на 80 турски борбени авиони.
Турција беше исфрлена од програмата на борбениот авион Ф-35 поради набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, а актуелните преговори за добивање Ф-16 се обид за компензација за парите кои Анкара ги има вложено во таа програма, потсетува Дифенс пост.
Демир порача дека доколку Турција не успее да постигне договор со САД околу Ф-16, ќе биде спремна за купување руски сухои Су-35 и Су-57.
„Ако САД не го одобрат договорот за Ф-16, по ситуацијата со Ф-35, Турција нема да има друг избор. Прашањето за Су-35 и Су-57 може повторно да се отвори кога било“, ја пренесе турската национална телевизија изјавата на Демир.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера објави дека САД би можеле на Турција да ѝ продадат ловци Ф-16, откако ја исклучија од програмата за развој на ловецот од петтата генерација Ф-35, поради набавката на рускиот С-400.






