Од примирјето договорено на 17 април, најмалку 23 деца биле убиени, а 93 повредени, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ, повикувајќи се на податоци од либанското министерство за здравство.
„Покрај непосредното влијание од бомбардирањата и воздушните напади, околу 770.000 деца се соочуваат со зголемено страдање поради постојана изложеност на насилство, загуба и присилно раселување“, се наведува во соопштението.
УНИЦЕФ спомена симптоми поврзани со трауматски стрес и тага, вклучително екстремен страв и анксиозност, кошмари, нарушувања на спиењето и чувство на безнадежност.
„Без поддршка за менталното здравје и психосоцијална грижа во безбедна и сигурна средина, овие деца се изложени на голем ризик од развој на хронични или доживотни нарушувања на менталното здравје“, додаде УНИЦЕФ.






