петок, 14 ноември 2025

Унгарија се потсмева со Полска поради предупредувањето за апсење на Путин

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто реагираше на изјавите на шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски за можно апсење на рускиот претседател Владимир Путин, потсетувајќи го на случајот со експлозијата на гасоводот Северен тек 2.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сикорски порача дека Варшава, постапувајќи по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС), би можела принудно да го спушти авионот на рускиот претседател и да го приведе по налогот на судот доколку влезе во полскиот воздушен простор на пат кон планираниот самит во Будимпешта.

На социјалната мрежа Икс Сијарто се потсмеваше на заканите на полскиот министер и направи паралела со друг судски случај.

„Дали Сикорски мисли на независниот суд кој по налог на полскиот премиер Доналд Туск одби да го екстрадира терористот кој го разнесе гасоводот Северен тек 2?“ напиша Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија смета дека е очигледно дека „многумина ќе сторат сè што е можно“ за да го спречат мировниот самит во Будимпешта. Според него, „провоената политичка елита и нејзините медиуми“ редовно организираат слични провокации пред настани кои би можеле да имаат клучно влијание врз решавањето на конфликтот во Украина.

„Истото се случува практично пред секој состанок на Европскиот совет, пред одлуките за санкции или за Европскиот фонд за мир. Ништо ново под сонцето. Овој пат ќе биде исто. Додека не се одржи самитот, треба да очекуваме бран протекувања на информации, лажни вести и изјави дека тој нема да се одржи“, кажа Сијарто.

Ппратеникот на Руската државна дума Виталиј Милонов исто така се осврна на заканите од Полска.

Тој изјави дека Полска „ќе престане да постои во моментот“ кога нејзините власти ќе се обидат насилно да го приземјат авионот во кој се наоѓа рускиот претседател. Тој повика изјавите на Сикорски да не се сфаќаат сериозно, додавајќи дека „тешко секој кој зборува на полски јазик да се смета за сериозен политичар од светска класа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ