сабота, 15 ноември 2025

Украина воведува вонредни рестрикции на струја

Украина воведува вонредни намалувања на електричната енергија во сите освен во два региона, по серијата руски напади кои предизвикаа голема штета на нејзиниот енергетски систем, објавија украинските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина со приближувањето на зимата, сериозно оштетувајќи го производството на гас и повремено замрачувајќи ги големите градови, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Украинското министерство за енергетика објави дека поради последиците од неодамнешните напади било принудено да воведе рестрикции на електричната енергија. Планираните рестрикции веќе се спроведуваат во регионот Доњецк на истокот од земјата и во регионот Чернигов на север.

Украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал во Брисел изјави дека Украина се подготвува за „многу тешка зима“ и ги повика партнерите да ѝ помогнат да произведе повеќе дронови пресретнувачи. „Знаеме дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе продолжи со теророт“, тврди тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ