петок, 7 ноември 2025

Трамп за демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк: Мамдани е комунист (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било „тешко“ да се продолжи со испраќање федерални пари во Њујорк доколку демократскиот социјалист Зохран Мамдани победи на утрешните избори за градоначалник. Во големото интервју за емисијата „60 минути“ на Си-би-ес, Трамп го нарече кандидатот на демократите „комунист“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Водителката на Си-би-ес Нора О’Донел разговараше со Трамп за низа теми, од блокадата на владата до имиграцијата, но разговорот ескалираше кога таа ги спомена изборите во Њујорк. „Зохран Мамдани, 34-годишен демократски социјалист. Тој е фаворит“, почна О’Донел. „Комунист, а не социјалист“, Трамп ја прекина. „Тој е многу полош од социјалист“.

На прашањето од О’Донел за споредбите кои го опишуваат Мамдани како „ваша харизматична, левичарска верзија, која ги крши старите правила“, Трамп одговори во свој стил. „Па, мислам дека сум многу позгоден од него, нели?“, кажа тој. Потоа објасни што мисли дека ќе се случи ако Мамдани, кого постојано го нарекуваше комунист, го преземе управувањето со градот.

„Ќе ми биде тешко како претседател да му дадам многу пари на Њујорк“, кажа Трамп. „Бидејќи ако имате комунист кој го води Њујорк, сè што правите е да ги трошите парите што ги испраќате таму. Затоа не знам дали победил, а не сум обожавател на Куомо на ниеден начин, но ако изборот е помеѓу лош демократ и комунист, секогаш ќе го бирам лошиот демократ, да бидам искрен со вас“.

И покрај острата реторика, Трамп потврди дека ќе се сретне со Мамдани ако победи. Минатиот месец, тој одби да поддржи кој било кандидат, вклучително и републиканецот Куртис Слива. „Да, ќе разговарам со него“, рече Трамп. „Мислам дека имам обврска да разговарам со него.“ Мамдани во моментов води на анкетите пред неговиот најблизок противник, поранешниот гувернер на Њујорк Ендру Куомо за најмалку десет процентни поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ