Тој напиша дека Лос Анџелес е окупиран од илегални имигранти и криминалци и дека федерални агенти биле нападнати за време на операциите за депортација.
Тој најави дека им дал инструкции на министерката за домашна безбедност Кристи Ноем, секретарот за одбрана Пит Хегсет и јавната државна обвинителка Пем Бонди да ги преземат сите неопходни мерки во соработка со другите институции за ослободување на Лос Анџелес и запирање на мигрантските немири.
„Некогаш голем американски град, Лос Анџелес, сега е окупиран и под опсада од илегални имигранти и криминалци. Сега насилни, бунтови толпи се собираат и ги напаѓаат нашите федерални агенти во обид да ги запрат операциите за депортација – но овии незаконски немири само ја зајакнува нашата решителност.
Им наредив на министерката за домашна безбедност Кристи Ноем, на секретарот за одбрана Пит Хегсет и на државна обвинителка Пем Бонди, во координација со сите релевантни министерства и агенции, да ги преземат сите неопходни мерки за да го ослободат Лос Анџелес од мигрантската инвазија и да го запрат овој мигрантски бунт.
Редот ќе биде воспоставен, илегалните имигранти ќе бидат протерани, а Лос Анџелес ќе биде повторно слободен. Ви благодариме за вниманието“, напиша Трамп.