Демонстрантите се собраа на плоштадот Шпанија во центарот на главниот град, порачувајќи му на Санчез „да поднесе оставка“.
Народната партија го свика митингот откако беа објавени аудио снимки на кои наводно се гледа како член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица која истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешна десна рака на Педро Санчез.
Членката на социјалистите ги негираше обвинувањата, велејќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книга и не работи во име на партијата или на Педро Санчез, потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Претставник на владата во Мадрид процени дека на демонстрациите присуствувале помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.