„Да ѝ веруваме на нашата војска. Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно“, кажа Руте на прес-конференција по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Коментарите на Руте доаѓаат во услови на зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, поттикнати од руските упади во сојузничкиот воздушен простор, како и ескалацијата на саботажните активности и сајбер напади.
Руте истакна дека земјите од НАТО се „25 пати поголеми од Русија“ во економска смисла. Зборувајќи за неодамнешните воздушни напади, генералниот секретар истакна дека е тешко да се утврди дали тие биле намерни или не. „Ние сме толку посилни од Русите што не мора да ги соборуваме нивните авиони кога ќе влезат во нашиот воздушен простор“, истакна тој.
Изјавата е во спротивност со растечката вознемиреност кај другите западни претставници, од кои некои повикаа на соборување на руските авиони ако ги преминат сојузничките граници. Во септември полските сили соборија неколку руски беспилотни летала кои влегле во полскиот воздушен простор. Неколку дена подоцна руски дрон влегол во романскиот воздушен простор, но Букурешт одлучил да не го собори.
Три руски ловци МиГ-31 наводно влегоа во естонскиот воздушен простор над Финскиот залив на 12 минути на 19 септември, што ја поттикна балтичката земја да почне консултации согласно Членот 4 од договорот со НАТО. Дополнително, сомнителни беспилотни летала ги попречуваа операциите на аеродроми во Германија, Норвешка и Данска во последните неколку недели.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно изјави дека верува оти Русија е одговорна за многу неидентификувани беспилотни летала забележани над германска територија.






