„Стотици руски беспилотни летала и балистички ракети паднаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот е извршен веднаш по разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. Веднаш треба да се воведат најстроги можни санкции врз Москва“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и да реагира решително.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон Соединетите Американски Држави и сите оние кои повикаа на прекин на војната. Мора веднаш да се воведат најстроги санкции кон Москва. На Украина мора да ѝ се дадат сите средства потребни за одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече неказнето со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила.“
Киев синоќа беше под интензивен напад кој траеше со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.
Пожари избувнаа во неколку населби откако станбени згради, возила, училишта, деловни простории и медицински установи беа погодени од остатоци од проектили и дронови. Низ градскиот воздух се шират чад и производи од согорување, надлежните ги повикаа граѓаните да ги затворат прозорците.
Киев Индипендент пренесува дека ова е еден од најтешките напади врз главниот град на Украина во последните месеци. Во последните недели, Русите ги интензивираа нападите со ракети и беспилотни летала, кои според украинските власти имаат за цел исцрпување на воздушната одбрана и ширење терор меѓу цивилите.