четврток, 22 мај 2025

Северна Кореја призна: Наши војници се борат за Русија во војната против Украина

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба на лидерот Ким Џонг Ун и дека дала важен придонес во ослободувањето на руската територија окупирана од Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Победничкиот крај на битката за ослободување на рускиот регион Курск го демонстрираше „највисокото стратешко ниво на цврстото воено пријателство“ меѓу Северна Кореја и Русија, соопшти државната новинска агенција КЦНА, цитирајќи ја изјавата на севернокорејската владејачка партија.

Русија минатата недела соопшти дека украинските сили се протерани од последното руско село што го држеле, иако Киев го негираше тврдењето и рече дека нејзините трупи сè уште дејствуваат во Белгород, уште еден руски регион што граничи со Украина.

Ким Џонг Ун донесе одлука за распоредување трупи согласно договорот за стратешко партнерство што го потпиша со Владимир Путин минатата година.

Русија за прв пат во саботата потврди дека севернокорејски војници се борат заедно со Русите во Курск, објави Ројтерс.

Ниту Русија ниту Северна Кореја претходно не го потврдија ниту го негираа распоредувањето.

Севернокорејските војници учествуваа во операцијата за ослободување на Курската област во согласност со четвртиот член од договорот за сеопфатно стратешко партнерство потпишан во јуни 2024 година, изјави вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Севернокорејски војници учествуваа во операцијата за ослободување на пограничната област во согласност со член 4 од договорот за сеопфатно стратешко партнерство потпишан во јуни 2024 година. Солидарноста што ја покажаа нашите севернокорејски пријатели е манифестација на високото, вистински сојузничко ниво на нашите односи. Уверени сме дека нашите односи ќе продолжат да се зајакнуваат и развиваат во иднина“, рече таа.

Припадници на украинските специјални сили заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во Курската област кон крајот на декември.

Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен заробеник заробен откако Пјонгјанг ги испрати своите војници во Русија за да помогнат во борбата против украинските војници во рускиот регион Курк. На Телеграм кружеше фотографија на која очигледно се гледа ранет и заробен севернокорејски војник.

Северна Кореја, како што се пишуваше тогаш, испрати повеќе од 10.000 војници да ѝ помогнат на Русија, тврдеа Киев и Сеул, иако Москва и Пјонгјанг досега ниту го потврдија ниту го негираа нивното присуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ