При регистрација во станиците за технички преглед или во управните служби, сопственикот на возилото на шалтер на МВР остава телефонски број и електронска адреса, по што добива код за потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.






