сабота, 15 ноември 2025

Путин постави услов за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор оваа недела со американскиот лидер Доналд Трамп, побара Киев да ја предаде целосната контрола врз Доњецк, стратешки важен регион во источна Украина, како услов за завршување на војната.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Путин не успеа целосно да ја освои оваа територија 11 години, украинските сили постојано ги одбиваа руските напади, па затоа се верува дека регионот е главната пречка за брзото напредување на руската армија кон запад.

Фокусот на Путин врз Доњецк сугерира дека тој не се откажал од своите претходни барања кои доведоа до застој во преговорите за конфликтот, и покрај оптимизмот на Трамп за постигнување мировен договор, изјавија анонимни официјални лица.

Трамп не коментираше јавно за барањето на Путин за предавање на целата територија на Доњецк.

Рускиот лидер во разговор со Трамп посочи дека би бил подготвен да предаде делови од другите два региони на Украина кои делумно ги освоил, тоа се Запорожје и Херсон, во замена за целосна контрола над Доњецк, додадоа официјални лица, пренесува Вашингтон пост, повикувајќи се на двајца високи официјални лица запознаени со разговорот.

Американскиот претседател планира да се сретне со шефот на руската држава во Будимпешта во наредните недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ