понеделник, 17 ноември 2025

Пентагон сака да одредува што новинарите смеат да објавуваат, медиумите шокирани

Голем број истакнати американски медиуми одбија да се согласат со новата политика на Министерството за одбрана што го ограничува она што акредитираните новинари смеат да го објавуваат, објави германската новинска агенција дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинарите имаат рок до 17 часот денес да се согласат со новите правила, ревидирани откако нивниот првичен нацрт, според кој информациите „за јавно објавување прво мора да бидат одобрени од соодветното лице, дури и ако не се работи за класифицирани“ информации, наиде на силен отпор, според извештаите на американските медиуми.

Здружението кое ги претставува новинарите кои известуваат за Пентагон (ППА) во соопштението изјави дека новите правила сè уште „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот и потенцијално да нè изложат на кривично гонење само затоа што си ја вршиме нашата работа“.

Медиумите, вклучувајќи ги Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Атлантик и Си-ен-ен, изјавија дека нема да ја потпишат ревидираната политика на Пентагон, велејќи дека таа го крши Првиот амандман од Уставот на САД, кој го гарантира правото на слобода на говор.

Мет Мареј, извршен уредник на Вашингтон пост, вчера изјави: „Предложените ограничувања ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман со поставување непотребни ограничувања за собирањето и објавувањето на информации“.

Главниот уредник на Атлантик Џефри Голдберг во понеделник изјави дека „условите ги кршат нашите права од Првиот амандман и правата на Американците да знаат како се распоредуваат воените ресурси и персоналот финансирани со парите од даночните обврзници“.

Ричард Стивенсон, шеф на бирото на Њујорк тајмс во Вашингтон, во петокот изјави дека новата политика „се заканува да ги казни (новинарите) за рутинското собирање информации заштитени со Првиот амандман“.

Министерот за одбрана, Пит Хегсет, во објава на социјалните мрежи изјави дека сè што бараат новите правила е „новинарите повеќе да не можат слободно да талкаат наоколу“, „новинарите мора да носат видлива ознака“ и „акредитираните новинари повеќе да не можат да поттикнуваат на кривични дела“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ