Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува наскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за економски договор меѓу двете земји.
„Постои датум, а преговарачката агенда е подготвена околу 80 проценти. Кога ќе се согласиме со Американците за преостанатите 20 проценти, заедно ќе одлучиме кога да ја објавиме средбата, а потоа тоа ќе се случи“, рече Орбан во интервју за новинската веб-страница Мандинер.
Тој додаде дека за Унгарија има место на меѓународниот мировен самит за Газа бидејќи, како што рече, таа е дел од меѓународната, промировна мрежа предводена од Трамп.
На самитот во Египет во понеделникот Трамп јасно застана на страната на унгарскиот премиер, нарекувајќи го „одлична“ личност и „фантастичен“ лидер, објави унгарската веб-страница.






