Во резолуцијата подготвена од Киев се повикува на деескалација на конфликтот и се осудуваат руските воени акции во Украина. Руската државна новинска агенција ТАСС пишува дека „Генералното собрание на ОН го изгласа антирускиот нацрт резолуција за конфликтот во Украина.
Антируската резолуција традиционално ги занемарува основните причини за избивањето на конфликтот во Украина. Во документот само се осудува дејствувањето на Русија во Украина“, додава ТАСС.
Критичарите, вклучувајќи ги руските дипломати, сметаат дека резолуцијата не го зема предвид поширокиот геополитички контекст и ја занемарува историјата на тензиите кои доведоа до војната.
ТАСС известува и дека рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, го коментираше предлогот на алтернативната американска „неутрална резолуција како чекор во вистинската насока“, истакнувајќи дека таквите предлози ќе помогнат за намалување на ескалацијата и ќе придонесат на стабилизација на ситуацијата.
Според него, американскиот проект има потенцијал да создаде простор за дијалог и деескалација иако во него изостанале специфичните понуди на Русија.