„Започнавме подготовки за изградба на ѕид долг 535 километри на северниот брег на Јава за да заштитиме 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето за пет сантиметри годишно“, изјави претседателот вчера на состанокот на кабинетот во Џакарта. Според претседателот, заканата од климатските промени би можела да загрози 60 отсто од националната индустрија на северниот брег на Јава. Исто така, постојат големи оризови полиња кои би можеле да бидат загрозени, додаде тој.
Тој истакна дека државата има должност да ги заштити луѓето и стратегиските средства на нацијата. Изградбата на ѕидот, која е планирана од 1995 година, ќе чини најмалку 80 милијарди американски долари. „Проектот е од клучно значење, тоа е мегапроект. Не знам кој претседател ќе го заврши, но мораме да почнеме и ќе почнеме“, кажа Субианто.






