Според соопштението, блокадата го прекинала главниот извор на храна за стотици илјади Палестинци на територијата, последните резерви се доставени до хуманитарните кујни низ Газа.
Се очекува овие кујни да останат без залихи во наредните денови.
Околу 80 отсто од населението во Газа се потпира првенствено на добротворни кујни, бидејќи другите извори на снабдување се затворени поради блокадата на Израел, според Обединетите нации.
Светската програма за храна снабдува 37 кујни кои произведуваат околу 500.000 оброци дневно.
На 2 март, Израел почна да го блокира влезот на храна, гориво, лекови и други залихи, тврдејќи дека врши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи.
Активистите за човекови права ја нарекоа блокадата „тактика на гладување“ и потенцијално воено злосторство.