понеделник, 17 ноември 2025

Цивилна одбрана во Газа: Телата на убиените во израелскиот напад се пронајдени по прекинот на огнот

Цивилната одбрана на Појасот Газа, предводена од палестинската милитантна група Хамас, соопшти дека пронашла остатоци на девет луѓе и вели дека тие биле убиени од страна на израелската војска во напад по договорот за прекин на огнот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Во координација со канцеларијата на Црвениот крст, тимовите на Цивилната заштита успеаја да пронајдат девет жртви откако израелската окупација вчера нападна автобус кој превезувал раселени лица на исток од населбата Зеитун во градот Газа”, изјави портпаролот на таа организација Махмуд Басал.

Израелската војска соопшти дека идентификувала, како што наведува, сомнително возило кое ја преминува линијата на повлекување во Појасот Газа, договорена со договорот за прекин на огнот.

Војниците, според Ерусалим, отвориле оган по предупредувањето за да ја отстранат заканата и го сториле тоа во согласност со договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ