вторник, 18 ноември 2025

Белград: Се наоѓаме во многу тешка, речиси безизлезна ситуација

Министерката за рударство и енергетика на Србија Дубравка Џедовиќ Хандановиќ изјави дека земјата е во многу тешка и речиси безнадежна ситуација откако Советот на Европската Унија донесе одлука со која се забранува транзитот на руски гас низ земјите-членки на ЕУ до трети земји од 1 јануари 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа истакна дека, како резултат на таа одлука, Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански тек, што директно ќе влијае и на Србија.

„Благодарение на добрите односи на претседателот на Србија Александар Вучиќ со водечките светски лидери, се надеваме дека ќе најдеме решение и ќе направиме сè што е во наша моќ, но ситуацијата е речиси безнадежна, особено имајќи ја предвид моменталната состојба во Нафтената индустрија на Србија“, изјави министерката во писмено соопштение.

Таа додаде дека, иако Србија „не учествувала во никаков конфликт“, таа е погодена „ни крива ни должна“.

И покрај сè, Џедовиќ Хандановиќ кажа дека власта ќе направи сè за граѓаните да не ги чувствуваат последиците од оваа ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ