недела, 21 декември 2025

Аксиос: Трамп сака средба со Путин и Зеленски уште на 22 август

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на европските лидери дека би сакал да одржи трилатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски уште на 22 август, објави порталот Аксиос, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, Трамп рекол дека сака да организира трилатерален состанок меѓу него, Путин и Зеленски „брзо, веќе во петок“.

Аксиос додаде и дека Путин јавно не се обврзал да учествува на таков состанок.

Претходно Зеленски го поддржа предлогот за трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија, а деталите од преговорите ќе бидат разгледани, како што изјави, со Трамп во понеделник во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ